Традицијата на наша страна, Македонија само еднаш не го победила Лихтенштајн

Фудбалската репрезентација на Македонија гостува кај Лихтенштајн во натпревар од првото коло во квалификациите за Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Катар. 

Традицијата е во целост на наша страна, бидејќи против денешниот ривал „рисовите“ имаат десет победи и едно реми. Последното соочување, со Милевски на нашата клупа донесе победа од 0-4 во октомври 2021 година. 

Меѓусебните пресметки против Лихтенштајн:
24.04.1996 - Македонија - Лихтенштајн 3-0
09.11.1996 - Лихтенштајн - Македонија 1-11
08.09.2002 - Лихтенштајн - Македонија 1-1
07.06.2003 - Македонија - Лихтенштајн 3-1
12.11.2005 - Лихтенштајн - Македонија 1-2
24.03.2017 - Лихтенштајн - Македонија 0-3
09.10.2017 - Македонија - Лихтенштајн 4-0
13.10.2018 - Македонија - Лихтенштајн 4-1
16.11.2018 - Лихтенштајн - Македонија 0-2
23.03.2021 - Македонија - Лихтенштајн 5-0
08.10.2021 - Лихтенштајн - Македонија 0-4

Репрезентацијата на Лихтенштајн само еднаш досега избегнала пораз од Македонија, во 2002 година на домашен терен (1-1), а нашата селекција против ривалот ја има највисоката победа во историјата 1-11 во 1996 година.