Традиција како никој друг: Победата во Премиер ја прослави во паб со фановите (ВИДЕО)

Вулверхемптон освои драгоцени бодови во Премиер лигата со победата над Тотенхем, а по натпреварот на „Молину“ следеше вистински спектакл. Конечниот резултат гласеше 4-2, но сепак, главната вест доаѓа неколку часа по натпреварот.

Менаџерот на Вулверхемптон, Витор Переира стана вистински миленик на фановите на Вулверхемптон поради неговиот пристап кон навивачите на овој клуб. Имено, тој го посетува локалниот паб „ The Moon Under Water“, каде имаше можност во живо да се сретне со фановите на Вулверхемптон.

Тоа првпат го направи по победата против Ипсвич со 2-1, а потоа на прес-конференцијата вети дека повторно ќе се појави во елитниот паб. Тој си го одржа зборот и имаше општа радост кога се појави на влезната врата, што беше забележано од сите фанови.

Се чини дека ваквите посети ќе се претворат во уникатна традиција која ќе ја имаат „волци“, под водство на Переира.