• Горан Упале
Трабзонспор продолжува со амбициозните планови на трансфер-пазарот и е на чекор до уште едно големо име од светскиот фудбал. По информациите за интересот за Мохамед Салах, турскиот клуб сега сака да го доведе и бразилскиот напаѓач Ричарлисон од Тотенхем.
Според информациите, на репрезентативецот на Бразил му е понудена плата која е трипати поголема од онаа што моментално ја заработува во Лондон. Ричарлисон наводно веќе ги договорил личните услови и сега останува двата клуба да постигнат договор за трансферот.
Тотенхем досега одбил две понуди од Трабзонспор, првата во висина од 15 милиони фунти, а втората од 20 милиони. Турците, сепак, немаат намера лесно да се откажат и се очекува да испратат нова, подобрена понуда бидејќи ангажманот на Бразилецот е поставен како еден од приоритетите.
Трабзонспор сезонава ќе настапува во Конференциската лига, а доколку успее да го реализира трансферот, турскиот клуб би добил уште една голема ѕвезда во составот пред европските предизвици.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.





