Трабзонспор испрати неморална понуда за Салах, Египќанецот уште размислува!

На повидок е голем пресврт во случајот „Мохамед Салах во Турција“. Трабзонспор испратил понуда до Салах тешка 34 милиони евра, во обид да го донесе египетскиот фудбалер во турското првенство.

Клубот од Трабзон му понудил двегодишен договор на Египќанецот со загарантирана плата од 17 милиони евра по сезона. Во оваа сума не се вклучени евентуалниот бонус за потпис, провизијата за агентот, премиите и приходите од имиџ-права.

Претставници на Трабзонспор наводно веќе разговарале со агентите на Салах и им ги презентирале финансиските услови. Египќанецот уште не дал конечен одговор.

Салах е слободен фудбалер по завршувањето на неговиот деветгодишен престој во Ливерпул. Претходно за негов ангажман преговараше и Бешикташ, но разговорите пропаднале поради финансиските барања и условите поврзани со договорот. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.