Трабзонспор го исфрли нашиот Барди од првиот тим!

Еден од нашите најдобри интернационалнци се соочува со голем проблем во својот клуб. Турскиот суперлигаш Трабзонспор објави дека Енис Барди е исфрлен од првиот тим. Тренерот Шенол Гинеш не смета на него, но и на Стефано Денсвил, Мислав Оршиќ и Умут Бозок.

„Овие наши професионални фудбалери ќе тренираат одвоено од тимот за да ги подобрат своите перформанси“, се вели во соопштението на клубот од Трабзон.

Поранешниот турски шампион во зимскиот преоден рок ќе се обиде да се ослободи од Енис Барди, Мислав Оршиќ и Борна Баришиќ.

Македонскиот репрезентативец сезонава настапи на осум натпревари за Трабзонспор.