• Иван Димовски

Екипата на Трабзонспор сериозно се подготвува за новата сезона. Амбициите се одбрана на титулата во Турција, но пред сè пласман во групната фаза на Лигата на шампионите. Турскиот првак го очекува двомеч со Копенхаген во плеј-офот за елитното натпреварување во кој имаат блага фаворитска улога.
Трабзон пред неколку дена во тимот го доведе македонскиот репрезентативец Енис Барди од Леванте, а сега е пред потпис со уште еден играч од Шпанија. Во Турција се сели поранешниот фудбалер на Барселона и Борусија Дортмунд, Марк Бартра. 31-годишниот дефанзивец доби дозвола од Бетис да замине, па за сума од пет милиони евра ќе стане нов играч на турскиот шампион.
Во Трабзонспор досега, освен Барди, пристигнаа уште неколку одлични засилувања. Од летово опремата на турскиот тим ја задолжија Трезеге од Астон Вила, Стефано Денсвил од Болоња, Стригер Ларсен од Удинезе, а пристигна и Елмаил Ерен од Касимпаша.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.