Трабзон и Башакшекир во одлична форма по бодови во дербито

Прилично бледиот старт на сезоната на големата тројка од Истанбул го искористи Трабзон кој 2022 година ќе ја дочека како лидер во шампионатот на Турција.

Првопласираниот тим има 14 победи и три ремија и по 18-тото коло се одвои на висока бодовна разлика во однос на првите следбеници, меѓутоа, ако некој може да му ги замрси сметките, тогаш тоа дефинитивно е Башакшехир. Гостите исто така се едно од пријатните изненадувања и го заземаат третото место, зад Коња, па мотивирани во борбата за местото кое води во Лигата на шампионите ја дочекуваат последната средба во оваа календарска година.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот Трабзонспор - Истанбул Башакшекир

Двата тима се во феноменална форма, посебно Трабзон, кој победи на десет од последните единаесет првенствени пресметки, па во дуелот закажан за во сабота од 17:00 часот се очекува во потполност да ја оправда фаворитската улога во едно од сезонските дербија. Домаќинот единствените бодови од септември ги испушти против Анталија (1-2), додека Башакшехир во последните десет кола оствари осум победи и две нерешени.

Покрај моменталната форма, неизвесен меч најавува и традицијата која вели дека на претходните натпревари неретко еден гол го решавал победникот, а интересен податок е дека тимот кој е домаќин нема освоено цел плен во последните шест средби на овие два тима.

Квоти за останатите натпревари во турската Суперлига

Предводени од распуканиот интернационалец Корнелиус Андреас и Стефано Окака, кои дадоа по девет гола, Трабзон и Башакшехир воедно се и меѓу најефикасните тимови во првенството и треба да се очекуваат голови на двете страни.