• Мартин Танасковски

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски повторно се поврзува со турски Трабзонспор. Крилниот играч беше во контакт со овој суперлигаш, но одлучи да замине во Саудиска Арабија по разделбата со Лидс Јунајтед.
Сега, повторно е актуелна приказната за Џани и за Трабзон. Медиумите во Турција веќе пишуваат дека двете страни стапиле во контакт и преговарале за деталите за трансфер на Алиоски од Ал-Џеда во Трабзонспор.
Турскиот шампион го мами Алиоски во своите редови со плата од два милиони евра по сезона. Во него се гледа искусен бек и крилен играч по левата страна, потребен за настапите во Лигата на шампионите кои следат.
30-годишниот Езџан Алиоски мина една година во Саудиска Арабија, а поради неговите добри настапи доби место во тимот на сезоната.