• Иван Димовски
Шкендија во рамките на првото коло од квалификациите за Конференциската лига ѝ гостува на екипата на Ноах од Ерменија.
Во пресрет на мечот во Абовијан, на прес-конференцијата освен тренерот Беќири зборуваше и капитенот Енур Тотре, кој кажа:
„Често играме натпревари против тимови од Ерменија. Тоа не значи дека премногу го познаваме ерменскиот фудбал. Екипата на Ноах ќе игра првпат на евро-сцената. Ги анализиравме добро и верувам дека ќе одиграме на ниво за да избориме позитивен резултат. Добро го разгледавме противникот, кај нив игра Ералдо Чинари, кој сите добро го познаваме бидејќи ни беше соиграч“, изјави Тотре.
Ланската сезона Шкендија беше елиминирана во првото квалификациско коло, а оваа треба да се оддолжи на своите навивачи. Реванш натпреварот се игра во Скопје за седум дена.