• Горан Упале
Легендата на Рома и на италијанската репрезентација, Франческо Тоти, повтори дека идејата за заминување од пензија „не е шега“, а според весникот „Ла Република“, понудата на Комо е повеќе од примамливо за поранешниот напаѓач.
Неодамна Тоти двапати соопшти дека сериозно размислува да ја прекине пензијата и дека има неколку понуди од италијански тимови.
Како што пренесува „Ла Република“, клубот кој најсериозно стапил во контакт со Тоти е Комо. Тренерот на клубот од северот на Италија, Цеск Фабрегас, му понудил на „Принцот од Рим“ да му се приклучи на неговиот тим, а тој би добил договор од клубот до крајот на сезоната.
Тоти сега сериозно размислува да ја прифати оваа понуда, а сè би требало да се знае во следните неколку дена. 48-годишниот Тоти се повлече во 2017 година, откако цела кариера играше само за еден тим - Рома.