• Горан Упале

Според италијанските медиуми, легендата на Рома, Франческо Тоти би можел да го продолжи договорот со римскиот клуб, но експресно ќе биде пуштен на позајмица.
„Принцот на Рим“ кој од својата 13. година е член на Рома, на 27. септември влегува во својата петта деценија од животот, а поради последните конфликти со тренерот Спалети се претпоставува дека тој ќе ја напушти „римската волчица“.
Сепак, челниците на римскиот клуб имаат план како да ја задржат легендата во своите редови. Тие планираат да му понудат едногодишен договор, со надеж дека Тоти ќе ги избалансира односите со Спалети, а доколку не се случи тоа Италијанецот ќе биди пратен на позајмица во МЛС лигата.
Тоти зад себе има 593 натпревари одиграно за Рома, во кои постигана 244 гола, надополнувајќи со 86 асистенции.