ВИДЕО: Тотенхем загуби пред финалето во ЛЕ, Астон Вила освои важни бодови за ЛШ

Фудбалерите на Астон Вила се радуваа на победа против Тотенхем од 2-0 (0-0) во рамките на 37. коло на Премиер лигата. Средбата на „Вила Парк“ понуди два гола во второто полувреме, а тимот на Унаи Емери забележа нови три круцијални бода во борбата за место во Лигата на шампионите. 

  • Извештај од натпреварот:

На стартот на мечот првата закана ја имаа домашните преку МекГин, меѓутоа резултатот остана непроменет. Се заканија и „петлите“ преку Сон, а во продолжението шанса испушти и Марко Асенсио, па полувремето заврши без погодоци. 

Во вториот дел предност за домашните донесе Езри Конса во 59. минута (1-0). Стоперот погоди по корнер и топка која Воткинс ја пренасочи кон него. Имаше Астон Вила уште две шанси преку Воткинс и МекГин пред да стигне до удвојување на позитивата. Вториот гол за домашните беше дело на Бубакар Камара кој со добар удар го матира противничкиот голман во 73. минута за 2-0, резултат кој се испостави како конечен.

Астон Вила сега стигна до 66 бода и барем привремено скокна на четвртото место на табелата. Од друга страна Тотенхем има 38 и е на 17. место.