ВИДЕО: Тотенхем во финишот избегна срамна елиминација од Карабао Купот

Фудбалерите на Тотенхем избегнаа елиминација и се пласираа во осминафиналето на Карабао Купот во Англија, откако со 1-2 (0-0) славеа на гостувањето кај Ковентри. 

Натпреварот не понуди погодоци во првото полувреме, меѓутоа стрелците беа расположени в продолжението. Постекоглу комбинираше со тимот и тоа за малку не му се одби од глава. Резултатот го отвори Томас Асанте кој во 63. минута донесе предност за Ковентри (1-0). 

Некое време „петлите“ се обидуваа да се вратат, а тоа им успеа во самиот финиш. Прво по асистенција на Кулушевски израмнување донесе Џед Спенс во 88. минута. Потоа во втората дополнителна Бренан Џонсон го комплетира пресвртот, носејќи победа и пласман понатаму. 

Ефикасен дуел одиграа премиерлигашите Брајтон и Вулверхемптон, а заврши со триумф од 3-2 (2-1) за домаќинот на „Амекс“. Балеба и Адингра донесоа двојна предност за „галебите, додека Гуедеш намали на 2-1 пред паузата. Во финишот Кадиоглу прво зголеми на 3-1, додека конечниот резултат го постави Дојл во судиското продолжение.