ВИДЕО: Тотенхем среде Германија слави полуфинале, Ренџерс немоќен во Билбао

Екипата на Тотенхем мака мачи во Премиер лигата, но на меѓународна сцена бележи позитивни резултати и по пауза од шест години одново ќе игра полуфинале, но овој пат во Лига Европа, не во елитата на УЕФА како во ерата на Маурицио Почетино.

Во реванш-средбата од четвртфиналната фаза „петлите“ извојуваа голема победа на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт со 0-1, резултат кој што им беше доволен за пласман меѓу четирите најдобри екипи во натпреварувањето. Стрелец на единствениот погодок во Германија беше Доменик Соланке, кој домашната мрежа ја затресе од пенал во 43. минута. Во полуфиналето Тотенхем силите ќе ги одмери со Бодо/Глимт кој вечерва по пеналите го исфрли римски Лацио.

Фудбалерите на Атлетик Билбао го искористија домашниот терен и сигурно чекорот кон финале на својот „Сан Мамеш“. По ремито без голови во Глазгов, вечерва шпанскиот тим рутински славеше пад Ренџерс со 2-0 (0-0), со головите на Сансет и Нико Вилијамс.

  • Атлетик Билбао - Ренџерс 2-0:

Во полуфиналето Атлетик ќе се сретне со Манчестер Јунајтед, кој во луд натпревар на „Олд Трафорд“ славеше над Лион по продолженија со 5-4.

Најнови вести од
УЕФА Лига Европа