ВИДЕО: Тотенхем со пресврт до сигурен триумф, Лидс ги надигра „волците“

Тотенхем

Саутемптон го налути Тотенхем со првиот погодок, па потоа прими четири и замина поразен од гостувањето во Лондон (4-1) на отворањето на Премиер лигата. Иако се потпре повеќе на играчите од минатата сезона, отколку на засилувањата, Конте успеа својата прва сезона од самиот старт на клупата на „петлите“ да ја отвори со три бода.  

  • Тотенхем - Саутемптон 4-1: 

Ворд-Праус на фантастичен начин донесе водство за гостите по дванаесет минути игра. На оваа реализација „петлите“ одговорија со два гола до крајот на првото полувреме. Сесењон и Дајер направија пресврт и го отворија патот за тимот на Антонио Конте кон првата победа оваа сезона. По еден час игра Калису си постигнаавтогол, а Дејан Кулушевски го постави конечниот резултат три минути подоцна.

Сигурни триумфи на домашен терен запишаа Њукасл Јунајтед против Нотингем Форест (2-0) и Борнмут на мечот со Астон Вила (2-0). Лидс Јунајтед со пресврт го сруши Вулверхемптон на „Еланд Роуд“ (2-1).

Состави

Антонио Конте

3-4-2-1

    Ралф Хасенхутл

    4-2-3-1