Тотенхем со одговор на понудата на Реал: Ериксен вреди 250 милиони евра

Откако наголемо се пишуваше дека Реал Мадрид во летниот трансфер период е подготвен да плати 100 милиони евра за да ја придобие данската ѕвезда, Кристијан Ериксен, утрово на адресата на европскиот шампион пристигна одговорот од Тотенхем. 

Како што пренесуваат британските медиуми, од редовите на лондонскиот клуб потенцираат дека трансфер на Ериксен во Реал Мадрид е речиси невозможна мисија. Но, доколку „кралевите“ вистинско го посакуваат данскиот играч за врска, тогаш ќе можат да го добијат само за сума не помала од 250 милиони евра, што сигурно е превисока дури и за еден гигант каков што е Реал. 

Сепак, се потенцира дека Флорентино Перез нема така лесно да се откаже од преговорите со фудбалерот на Тотенехем и најавува нова офанзива, во која покрај големата сума на пари ќе биде вклучен и најмалку еден фудбалер кој би заминал за Лондон.