Тотенхем со „бомба“ од 100 милиони фунти, Тонали доаѓа во Лондон!

Тотенхем е на чекор од реализирање на еден од најголемите трансфери ова лето, откако постигнал договор со Њукасл за ангажман на италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали.

Според добро информираниот новинар Дејвид Орнстин, раководството на лондонскиот клуб испратило понуда вредна 100 милиони фунти, која Њукасл ја прифатил. Договорот предвидува 92,5 милиони фунти како фиксна сума, додека дополнителни 7,5 милиони фунти ќе бидат исплатени преку бонуси.

Тонали веќе ги прифатил личните услови понудени од Тотенхем, па останува да бидат завршени последните формалности пред трансферот официјално да биде потврден. Со тоа, поранешниот капитен на Милан ќе ја продолжи кариерата во северен Лондон.

Иако ова нема да биде најскапата продажба во историјата на Њукасл, бидејќи рекордот останува трансферот на Александер Исак, сепак договорот за Тонали ќе биде меѓу најголемите реализирани во актуелниот летен преоден рок во англискиот фудбал.

Се очекува целата документација да биде комплетирана до крајот на неделата, по што Тотенхем и официјално ќе го претстави едно од своите најголеми засилувања.