Тотенхем се засили со млад стопер од јапонскиот Кавасаки

Јапонецот Кота Такаи е официјално нов играч на англискиот Тотенхем, објави премиерлигашкиот клуб. 

Дваесетгодишниот Такаи потпиша договор до 2030 година, а досега настапуваше само за домашниот клуб, Кавасаки, каде одигра 81 натпревар. Се работи за квалитетен стопер кој треба да ја засили ротацијата во одбраната. За репрезентацијата на Јапонија досега впиша четири настапи. 

Тотенхем ќе ја отвори новата сезона со натпреварот против Барнли, кој ќе се одигра на шеснаесетти август. Лондончани ќе настапуваат и во Лигата на шампионите како актуелни освојувачи на Лига Европа. 

ФОТО/PHOTO: Tottenham Hotspur/Facebook