ВИДЕО: Тотенхем ја доби клучната битка и е на чекор до осминафинале во Лига Европа

За разлика од Премиер лигата, каде бележи лоши резултати во последниот период и без победа е пет кола, Тотенхем сигурно чекори кон осминафинале во Лига Европа. Во рамките на седмото коло од второто по ранг натпреварување на УЕФА, а воедно и претпоследно, „петлите“ со 2-3 славеа на гостувањето во Германија кај Хофенхајм и сега се на прагот на пласман меѓу најдобрите шестнаесет екипи. 

  • Хофенхајм - Тотенхем 2-3

Лондонскиот гигант и во ова натпреварување беше без победи три натпревари (пораз и два реми исходи), но кога беше најпотребно покажа квалитет и освои големи три бода на своето конто. Резултатот во Германија беше отворен по само три минути игра, откако Џејмс Медисон на додавање на Педро Поро погоди за 0-1. Англискиот репрезентативец кон средината на полувремето зад своето име забележа и асистенција, а на 0-2 зголеми корејскиот напаѓач Сон. Во вториот дел Стач во врати Хофенхејм во живот, но Сон со својот втор вечерашен погодок стави крај на сите надежи на домаќините. Конечните 2-3 ги постави Нтусу во 88. минута. Во последното коло од лигашката фаза Тотенхем ќе се сретне со Елфсборт, додека Хофенхајм гостува кај Андерлехт

Возбудливи натпревари се одиграа во Шведска и Азербејџан, каде исто така на три бода се радуваа гостите. На средбата меѓу Малме и Твенте со 2-3 славеше холандскиот претставник, додеа со идентичен резултат заврши натпреварот меѓу Карабах и ФЦСБ.  

Екипата на Рома ги загуби сите шанси за директен пласман во осминафиналето, откако на гостувањето кај АЗ Алкмар загуби со минимални 1-0. Парот на десет минути пред крајот го осигура триумфот, со кој холандскиот тим и дефинитивно ќе остане во плеј-оф зоната, но со победа во последното коло и малку среќа може да обезбеди и осминафинале.  

На останатите натпревари Порто беше изненаден пред својата публика и загуби од Олимпијакос со 0-1, додека натпреварот меѓу Лион и Фенербахче заврши без победник (0-0).

Состави

Christian Ilzer

4-4-2

    Анге Постекоглу

    4-3-3