• Мартин Танасковски

Сите дилеми се решени, екипата на Тотенхем ја оправда фаворитската улога со Норич Сити (0-5) и така го зазеде последното место преку елитните лиги кое води во Лигата на шампионите.
- Норич Сити - Тотенхем 0-5:
„Петлите“ на Конте очекувано блескаа со последниот тим во англиската елита и практично си ја завршија работата во едно полувреме. Кулушевски и Кејн стрелаа во воведните 45 минути, а во вториот дел, Кулушевски даде втор гол, па на сцена стапи Сон со уште два гола во мрежата на противникот.
- Арсенал - Евертон 5-1:
Од целата ситуација извиси Арсенал кој убедливо го победи Евертон (5-1), ама ќе патува во Лигата на Европа. Пет различни стрелци имаше во таборот на „топџиите“, тоа беа Мартинели, Нкетиа, Седрик, Габриел и Одегард, додека единствен стрелец за „карамелите“ беше Ван де Бек.
- Кристал Палас - Манчестер Јунајтед 1-0:
Очајниот Манчестер Јунајтед загуби на гости кај Кристал Палас (1-0). Вилфред Заха беше човек на одлука. Сепак, „ѓаволите“ ќе патуваат во Лигата на Европа затоа што Вест Хем загуби на гостувањето кај Брајтон (3-1).
- Челзи - Вoтфорд 2-1:
На останатите натпревари Челзи си ја заврши работата со Вoтфорд со доцен гол (2-1). Победи и Лидс Јунајтед кај Брентфорд (1-2) и го осигура прволигашкиот статус и догодина.
- Брентфорд - Лидс Јунајтед 1-2:
Во Чемпионшип патува Барнли кој дома загуби од Њукасл (1-2). Лестер Сити во безначаен натпревар го декласира Саутемптон (4-1).