• Саше Љолес
Управата на Тотенхем ја разгледува можноста за прекин на соработката со тренерот Томас Франк, откако тимот загуби од Вест Хем со 1-2 во Премиер лигата.
Британските медиуми пренесоа дека управата не сака да му исплати голема компензација за предвремен раскин на договорот, па затоа се бараат солуции за сето тоа да биде помалку финансиски болно. Соработката има важност до 2028 година.
Навивачите го испратија Франк со свирежи на крајот од натпреварот, скандирајќи дека ќе биде отпуштен следното утро, откако тимот го доживеа деветтиот пораз сезонава, и тоа од ривал кој е во зоната за испаѓање.
Првично, управата имала намера да му даде повеќе време, но по овој пораз тоа може да се промени.Тотенхем нема победа во 2026 година и се наоѓа на 14. место на табелата со 27 бодови, 10 повеќе од зоната за испаѓање.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.





