Тотенхем, ПСЖ, двапати Челзи, Сити...: Ливерпул има распоред од кој боли глава

Клоп натпревари

Наредната недела ќе донесе почеток на натпреварите во Лигата на шампионите, што секако ќе ги израдува фановите, но не и тренерите на големите клубови.

Особено не Јирген Клоп, предводникот на Ливерпул, клуб кој ќе има пеколен распоред во следните три недели. За неполни 25 дена, „црвените“ ќе одиграат седум меча во три различни натпреварувања, кој од кој поатрактивен.

Серијата тешки натпревари започнува утре на гости кај Тотенхем, а ќе заврши на 7 октомври на „Енфилд“ против англискиот шампион Манчестер Сити.

  • Тотенхем - Ливерпул - 15 септември (Премиер Лига)
  • Лиерпул - ПСЖ - 18 септември (Лига на шампиони)
  • Ливерпул - Саутемптон - 22 септември (Премиер лига)
  • Ливерпул - Челзи - 26 септември (Лига Куп на Англија)
  • Челзи - Ливерпул - 29 септември (Премиер лига)
  • Наполи - Ливерпул - 3 октомври (Лига на шампиони)
  • Ливерпул - Манчестер Сити - 7 октомври (Премиер лига)

Ливерпул е лидер во Премиер лигата по четири кола, со ист број на бодови со Челзи и Вотфорд.