ВИДЕО: Тотенхем продолжува непрепознатливо, Ричарлисон ги израдува „карамелите“

Премиер лига

Цели пет меча екипата на Тотенхем не знае за победа во Премиер лигата. „Петлите“ денес не успеаја да го совладаат Шефилд Јунајтед (1-1), кој си замина со голем бод од Лондон.

Голгетерската серија од Белград во Лигата на шампионите, Хеунг-Мин Сон ја префрли во домашното првенство. Корејскиот напаѓач ја искористи грешката на противничката одбрана и ја испрати топката меѓу нозете на голманот. Неколку минути подоцна гостите постигнаа погодок за 1-1, но главниот судија поради офсајд позиција.

Казна за лошата завршница Тотенхем доби на 12 минути до крајот. Балдок постигна прекрасен погодок и ја израдува малобројната гостинска публика на стадионот.

Најубедлив попладнево беше Барнли кој постигна три гола во мрежата на Вест Хем (3-0). Тимот на Мануел Пелегрини продолжи да реди лоши резултати и да тоне на првенствената табела.

Екипата на Њукасл Јунајтед со пресврт стигна до голем домашен триумф против Борнмут (2-1). Вилсон донесе гостинско водство во првиот дел, кое беше анулирано во продолжението. Једлин и Кларк ги израдуваа „страчките“ и навивачите на „Сент Џејмс Парк“.

Гостинска победа однесе и Евертон кај Саутемптон (1-2), а херој на „карамелите“ беше Ричарлисон во вториот дел.