• Мартин Танасковски

Капитенот и голман на англискиот премиерлигаш Тотенхем, Уго Лорис, доживеа тешка повреда на натпреварот против Брајтон, а по деталните прегледи доби една добра и една лоша вест.
Лорис при еден обид да интервенира падна директно на раката, а многумина судејќи по падот се сомневаа дека се работи за тешка скршеница.
Но, од Тотенхем излегоа со официјално соопштение и соопштија дека деталните прегледи покажале дека Французинот нема скршеница. Лошата вест за клубот на Почетино е што Лорис ќе мора да паузира до стартот на 2020 година.
Тотенхем е во резултатска криза, а отсуството на Лорис сигурно ќе биде голем хендикеп за тимот.