Тотенхем потпишува богат спонзорски договор со „Амазон“!?

Тотенхем

Премиерлигашот Тотенхем е блиску до потпишување спонзорски договор со „Амазон“, пишува англиски „Дејли Мејл“.

Новиот стадион на тимот од Лондон би добил големо спонзорско име позади себе во американската компанија. Засега нема многу детали, но се споменува сума од 250 милиони фунти кои ќе завршат во касата на клубот во период од десет години.

Договорот е далеку од комплетиран, најмногу поради ситуацијата предизвиката со коронавирусот. „Амазон“ има големи контакти во Тотенхем, со оглед на тоа што го снима документарниот филм „Се или ништо“.

Стадионот на англискиот прволигаш е привлечен за големите корпорации бидејќи е организатор на НФЛ натпревари, како и многу други спортски и социјални настани.

Моментално, овој спектакуларен објект се користи за тестирање од ковид-19, пандемија која е закана број еден низ целиот свет.