ФОТО: Тотенхем победи во „Мурињо“ стил, два шута - за два гола во мрежата на Едерсон

Манчестер Сити на Пеп Гвардиола одигра претпознатлив натпревар, притискаше, правеше шанси и беше опасен, ама загуби на гостувањето во Лондон кај Тотенхем со 4-2. 

Фудбалерите на Жозе Мурињо имаа клиничка завршница, ги искорисија своите два единствени удари во голот на Едерсон и дадоа два голови. Прво, по само пет минути игра, Хјонг Мин Сон стрелаше за 1-0, а тукуштовлезениот Ло Селсо погоди за 2-0 во продолжението.

Интересно, Тотенхем на овој натпревар имаше само четири шутеви, од кои два беа во рамките на голот, а двата завршија во мрежата на Манчестер Сити. Од друга страна, „граѓаните“ имаа вкупно 22 удари, од кои пет беа во рамките на голот. 

Мора да се признае дека Мурињо одново го надигра својот ривал на спротивната страна Гвардиола и со само два удари во свој стил го водеше својот тим до победа. Јасно видиливо е дека Манчестер Сити беше доминантен во сите сегменти, ама Тотенхем ги искористи шансите.

  • Статистиката од натпреварот Тотенхем - Манчестер Сити: