ВИДЕО: Тотенхем остана без двајца фудбалери и минимално загуби кај Борнмут

Црвените картони го одбележаа поразот на Тотенхем на гостувањето кај Борнмут (1-0) во 37. коло од Премиер лигата.

Гостите на Маурицио Почетино го завршија мечот со двајца фудбалери помалку поради исклучувањата на Хеунг Мин Сон во првиот и Хуан Фојт во вториот дел.

  • Извештај од натпреварот: 

Поради тоа фаворитот мораше да се брани и да одигра дефанзивна тактика до крајот. Најпрво корејскиот напаѓач замина во соблекувална поради неспортско однесување по кое турна еден противничкит фудбалер. 

Само што започна второто полувреме, младиот Фојт невнимателно стартуваше врз ногата на еден домашен фудбалер и тој заработи директен црвен картон. 

Тоа им овозможи на домашните фудбалери да атакуваат на трите бода. Џордон Ајб ја имаше најсериозната шанса за отворање на резултатот, но на неговата соло акција одлично одговори Хуго Лорис и ја отстрани опасноста. Сепак, Натан Ејк во првата минута од надополнувањето обезбеди голема радост за своите навивачи и со глава ги постави конечните 1-0.

Тотенхем остана на третата позиција со два бода предност пред Челзи и четири во однос на градскиот ривал Арсенал, екипи кои се борат за последното место кое води во Лигата на шампионите.