Тотенхем одново руши рекорд, Почетино на чекор од посакувано засилување од Бетис

Ако минатото лето не доведе ниту едно ново засилување, екипата на Тотенхем активно работи во тековниот преоден рок.

Ова лето тимот на Маурицио Почетино сруши рекорд и плати 70 милиони евра за Танги Ндомбеле од Лион. Сега управата преговара за потенцијално засилување од Бетис кое ќе ја испразни касата за 75 милиони евра.

Се работи за младиот Аргентинец Џовани Ло Селсо кој би требало да биде замената за Кристијан Ериксен. Данецот не го продолжи договорот и чека понуда од Реал Мадрид.

„Петлите“ се разделија со Трипие, го доведоа Џек Кларк од Лидс, па ова лето трошоците за трансфери би можеле да ја надминат границата од 150 милиони евра.

Ло Селсо настапуваше во ПСЖ до април оваа година кога андалузиската екипа целосно го откупи неговиот договор.