ВИДЕО: Тотенхем недораснат за европскиот првак, Челзи подобар во лондонското дерби

Челзи

По трите победи во низа на почетокот од Премиер лигата, Тотенхем запиша втор последователен неуспех и тоа на градското дерби против Челзи (0-3). 

  • Извештај од натпреварот: 

 Еден од големите фаворити за највисок пласман во англиското првенство го доби дуелот со тимот на Нуно Еспирито Санто со два погодоци во вториот дел. Ветеранот Тиаго Силва го отвори вториот дел со погодок за 0-1, по одличниот центаршут од корнер на Маркос Алонсо. Тоа го натера домашниот тим дополнително да се отвори, што донесе нова шанса за закани од „сините“.

Втор удар за Тотенхем донесе Н'Голо Канте, кој со помош на еден противник ја удвои предноста, а Антонио Рудигер во финишот се погрижи да го постави конечниот резултат. 

„Петлите“ продолжија во надолна линија на премиерлигашката табела, додека Челзи остана на делба на врвот, со Манчестер Јунајтед и Ливерпул.

Состави

Nuno Espirito Santo

4-4-2

    Томас Тухел

    4-4-2