Тотенхем може да добие милиони доколку Почетино преземе ривалски клуб

Маурицио Почетино беше заменет на клупата на Тотенхем од Жозе Мурињо. Аргентинскиот стручњак остана без ангажман и сега ги проценува можностите за продолжување на кариерата. Екипата од Лондон нему и на соработниците им исплати преку 23 милиони евра поради отказот. 

Како негови следни дестинации се споменуваа Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и Арсенал. Сепак, доколку Почетино се одлучи да преземе екипа од Премиер лигата, ќе се активира клаузула во договорот со Тотенхем и тој ќе мора на клубот да плати 14,5 милиони евра. 

Таа ставка од веќе поништениот договор важи до лето, а доколку не сака да ја полни касата на Тотенхем, Почетино ќе мора да одбере клуб надвор од Англија.

Најреална опција доколку сака веднаш да се врати во фудбалот за него е Баерн Минхен, кој моментално го води еден од помошниците на Ковач, Ханси Флик.