• Мартин Танасковски

Со затворањето на фудбалскиот преоден рок, Тотенхем го официјализира еден од најпознатите зимски трансфери и го зграпчија перспективен напаѓач Матис Тел кој ќе можат да го откупат на лето за 55.000.000 евра.
Со позајмицата што ја плаќаат на Баерн и вреди 5.000.000 евра, тоа треба да биде трансфер за 60.000.000 евра. Така, ова би можела да стане најголемата продажба во историјата на Баерн Минхен (Матијс Де Лихт беше продаден на Манчестер Јунајтед за 45 милиони евра), а трет најголем трансфер за Тотенхем по Доминик Соланке (64,3 милиони) и Танги Ндомбеле (62 милиони).
Тел оваа сезона одигра помалку од 500 минути фудбал кај Винсент Компани. Играчот ја напушти „Алијанц Арена“ со 83 настапи, 16 гола и седум асистенции, а во Баерн Минхен дојде од Рен.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.