Тотенхем испиша нова историја - не доведе ниту едно летно засилување!

И официјално е завршен трансфер пазарот во Премиер лигата, а тимот на Тотенхем испиша нова историја во англискиот фудбал.

Имено, лондончани се првиот тим во Премиер лигата, кој трансфер периодот го завршил без ниту едно засилување. Интересно е што тимот на Почетино, покрај тоа што не се засили, во текот на летниот трансфер период не продаде ниту еден свој играч.

Новата сезона во Премиер лигата официјално ќе биде отворена утре со дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Лестер Сити