• Мартин Танасковски

Ливерпул е на пат да мине прв низ целта во Премиер лигата, а паралелно со шампионатот, „црвените“ се активни и на сите останати фронтови на кои застанаа оваа сезона. Сепак, во првиот натпревар од полуфиналето на Лига купот со Тотенхем, тимот на Арне Слот претрпе пораз од Тотенхем. На почетокот на јануари во Лондон беше 1-0 за Петлите, со голот на Лукас Бергвол во последните минути од играта.
Иако играа со силен состав, со Мохамед Салах, Коди Гакпо, Диого Жота, Рајан Гравенберх, Алексис Мекалистер, Вирџил ван Дијк и Алисон Бекер уште од првата минута, гостите со наведнати глави се вратија на Енфилд. Не елиминирани, бидејќи ќе имаат можност да се пласираат во финалето преку реваншот на својот домашен стадион.
>>> Сите квоти во Mozzart за Ливерпул - Тотенхем
Ливерпул е бранителот на титулата во англискиот Лига куп, откако минатата сезона во финалето го совлада Челси со 1-0 и е најуспешниот клуб во историјата на ова натпреварување со 10 освоени трофеи, но им претстои многу тешка задача во четврток од 21:00 часот. Тотенхем игра за да ја спаси очајната сезона, бидејќи само трофеј може да ја ублажи нивната лоша позиција во Премиер лигата, каде моментално е поблиску до зоната за испаѓање отколку до европска виза и заостануваат двојно повеќе од лидерите од „Енфилд“. Лига купот им е најблиску, а имаат и солидни шанси во Лига Европа.
Мотивирани од ова Петлите ќе патуваат во Ливерпул и со сите сили ќе се обидат да ја одбранат предноста од првиот меч. Се очекува Арне Слот повторно да излезе со комбиниран, но силен состав, додека неговиот колега Аинге Постекоглу има многу проблеми со повредени играчи.
Доколку успее Тотенхем да се пласира во финалето, тоа ќе биде супер-фудбалски меч, затоа што таму чека Њукасл кој го елиминира Арсенал. Причината за тоа е што и Тотенхем и Њукасл долго време чекаат трофеј.