Тотенхем е највреден клуб од Премиер лигата, вреди преку два билиони фунти!

Премиерлигашот Тотенхем е највреден клуб во Англија според најновата студија изработена во Лондон. По односот помеѓу трошоците и приходите, помалите плати и новиот стадион, Тотенхем се најде пред Манчестер Сити, Мaнчестер Јунајтед и Ливерпул и денес важи за највреден фудбалски бренд од Велика Британија, наведува студијата.

Вредноста на Тотенхем во однос на минатата година е зголемена на една милијарда и изнесува 2,6 билиони фунти. Подолу на листата се наоѓаат двата клуба од Манчестер и Ливерпул. Претседателот Даниел Леви е познат како добар преговарач и кога станува збор за трансферите и платите на фудбалерите, Тотенхем не троши големи пари.

Менаџерот Жозе Мурињо во летниот преоден рок на располагање ќе има само 60 милиони евра за засилувања, сума која е премала за клуб со амбиции во Премиер лигата.

Вредност на клубовите од Премиер лигата во 2020 година: