Проблеми за Сон – ќе мине две недели во карантин поради коронавирус

Хеунг Мин Сон пред неколку недели на дуелот со Астон Вила заработи фрактура на раката, па мораше да биде подложен на операција. Истата беше закажана за во неговата матична земја, во Сеул, а во четвртокот се врати во Англија

Поради зафатеноста на коронавирусот во Јужна Кореа, Сон на островот веднаш беше пречекан од медицински тим и одведен на прегледи. Докторите му наложија на Кореецот да остане во двонеделен домашен карантин и да не се појавува на јавни места, како и во тренинг кампот на Тотенхем. Оваа информација ја потврди и менаџерот, Жозе Мурињо. 

„Овие совети пристигнаа од владата. Не сакам да коментирам, јас  не знам ништо за тоа. Јас само добив совети, а клубот ги следи инструкциите. Сон ќе мора да ги испочитува протоколите и нема да го видиме некое време“, призна Португалецот.

Според пишувањата на англиските медиуми, играчот ќе биде подложен на тестирања за да се утврди дали има симптоми на вирусот. Доколку наодите се негативни тој ќе мине само две недели во карантин.