ВИДЕО: Тотенхем двапати испушти предност и ремизира со „фенерџијата“ во ПЛ

Фудбалерите на Тотенхем одново ги разочараа своите навивачи, откако ремизираа против последнопласираната екипа во Премиер лигата, Саутемптон (3-3). Дуелот во рамките на 28. коло на „Сент Мери“ понуди шест погодоци, а „петлите“ во еден момент водеа и со два гола, меѓутоа на крајот мора да се задоволат со бод. 

  • Саутемптон - Тотенхем 3-3:

Првиот дел долго немаше погодоци, меѓутоа изобилуваше со повреди. Двајцата тренери мораа по двапати принуднои да менуваат. Резултатот беше отворен во 46. минута, кога Педро Поро стрелаше за 0-1, по асистенција на Сон. Веќе во првата минута од продолжението, Че Адамс донесе израмнување за „светците“ и го ресетира резултатот. 

Тотенхем успеа да се врати во предност со погодоци во 65. и 75. минута преку Хари Кејн и Иван Перишиќ. Сепак, избраниците на Конте како да се опуштија, бргу Тео Волкот намали на 2-3, за потоа Вард-Праус да го искористи добиениот пенал и во 93. минута да обезбеди голем бод за Саутемптон. 

На останатите терени попладнево, екипата на Лидс запиша победа кај Вулверхемптон од (2-4), Астон Вила со убедливи 3-0 го совлада Борнмут, а Брентфорд и Лестер го поделија пленот (1-1). 

Состави

Расел Мартин

4-2-3-1

    Анге Постекоглу

    3-4-2-1