• Горан Упале

Фудбалерите на Тотенхем се пласираа во следната рунда од ФА Купот, но дури по продолженија, бидејќи отпорот на петтолигашот Тамворт го скршија дури во дополнителните триесет минути и на крај славеа со 0-3.
- Извештај од натпреварот:
Менаџерот на Тотенхем, Анже Постекоглу состави прилично силен состав, иако Сон, Соланке и Кулушевски беа поштедени. Во првиот состав беа Педро Поро, Бисума, Сар, Медисон, Џонсон и Вернер, но нисколигашот денеска лавовски се бореше против големиот фаворит и му зададе големи проблеми.
Сепак, Тамворт немаше сили да издржи до крај и по стотата минута прими три гола. Натан Тшикуна со автогол донесе предност за Тотенхем, а потоа домашната мрежа ја затресоа уште Кулушевски и Џонсон.
Во првито денешен натпревар од ФА Купот Донкастер приреди изненадување и по изведувањето на пеналите славеше над Хал. Во регуларниот дел натпреварот заврши со 1-1.