Тотенхем донесе екстра засилување, ја „украде“ желбата на Баерн Минхен

Екипата на Тотенхем донесе големо засилување во последните минути од преодниот рок во Англија и потпиша договор со Џовани Ло Селсо од редовите на Реал Бетис. Ло Селсо, кој настапува во средниот ред, беше голема желба на Баерн Минхен. „Баварците“ притискаа за негов трансфер, но тој одлучи да продолжи во англиската Премиер лига.

Тотенхем го обезбеди фудбалерот на едногодишна позајмица, со опција потоа трансферот да биде перманентен. Во редовите на Тотенхем, Ло Селсо ќе го носи дресот со број 18. Заедно до Ндобмеле и Сесењон, Аргентинецот значително го засили средниот ред на „петлите“.

Аргентинскиот репрезентативец во кариерата покрај за Бетис настапуваше за ПСЖ и Розарио Сентрал.

Со доведувањето на Ло Селсо, неизвесна е иднината на Кристијан Ериксен, чиј договор истекува следното лето и ако не го продаде годинава, Почетино ќе го загуби без обештетување.