ВИДЕО: Тотенхем доби заслужена казна, Ланцини со ЕВРОГОЛ го шокира Мурињо

Екипата на Тотенхем загуби два бода во добиен натпревар во лондонското дерби против Вест Хем (3-3) и пропушти шанса да скокне во самиот врв на табелата во Премиер лигата.

  • Извештај од натпреварот:

Второ деби во дресот на „петлите“ имаше Герет Бејл кој доби шанса во завршницата, кога мечот навидум беше одлучен. Домаќинот постигна три гола во краток период во првиот дел и потоа со обидуваа со дефанзивна тактика да ја сочуваат предноста до крајот, но за тоа добија казна во последната секунда од мечот. Не помина цела минута кога Тотенхем поведе со голот на Хеунг Мин Сон. Одлично му асистираше Хари Кејн, а корејскиот напаѓач со прецизен удар во спротивниот агол донесе радост за својата екипа. 

Мајсторски погодок запиша Кејн само седум минути подоцна. Прекрасно се ослободи од својот директен чувар и потоа не му даде никаква шанса на Фабијански. Најдобриот фудбалер на домашниот тим стави точка на одличниот период, со гол со глава за 3-0 по само 16 минути игра.

Жозе Мурињо очекувано се затвори и ги советуваше своите фудбалери да чуваат енергија. Тие се обидоа да го послушаат, но се опуштија во самата завршница и примија два брзи погодоци. Првиот го постигна Балбуена, а вториот беше автогол на Санчез. Крајот донесе неизвесност и тензија, но и еврогол на Ланцини. Гостинскиот фудбалер го сервираше шокот за фаворитот и со судискиот свиреж за крај постигна мало ремек-дело од 30 метри.