Тотенхем доби казна од УЕФА и најави жалба во одбрана на навивачите

Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Тотенхем со вкупно 32.250 евра поради инциденти предизвикани од нивните навивачи на натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите, одигран на 28 јануари.

Англискиот клуб исто така доби едногодишна условна забрана за продажба на билети за следното гостување во натпреварувањата на УЕФА поради „расистичко и дискриминаторно однесување“ и фрлање предмети на теренот.

„Петлите“ од Лондон најавија жалба на оваа одлука, особено во делот на забраната за своите навивачи, иако казната е само условна, сметајќи дека тие се „неправедно оцрнети и дискриминирани“.