Тотенхем без Лорис и Деле Али на дербито против Ливерпул

По паузата во националните првенства поради настапот на репрезентациите во Лигата на нации, повторно на сцена се враќаат клупските натпревари. Дербито во Премиер лигата ќе го одиграат тимовите на Тотенхем и Ливерпул, а се чини поголеми главоболки околу почетниот тим ќе има Маурицио Почетино.

Аргентинецот за саботниот натпревар нема да може да смета на голманот Хуго Лорис, кој има повреда на бутниот мускул и ќе паузира во наредните неколку недели и на офанзивниот Деле Али, кој има повреда на задната ложа.

По првите четири кола тимот на Јирген Клоп е лидер со максимален учинок и само еден примен погодок, а тимот на Почетино има скор од три победи и еден пораз.