ВИДЕО: Тотално лудило на трибините кога Кејн донесе победа за Англија

англиски фанови Ростов

Репрезентацијата на Англија едвај, со гол на Хари Кејн во продолжението, успеа да освои три бода на стартот од Мундијалот во Русија.

На отворањето, избраниците на Герет Саутгејт ја совладаа репрезентацијата на Тунис, која имаше реми во своите раце се до завршните моменти од натпреварот кога потфрли во одбрана и го заработи првиот пораз на СП.

Англиските фанови полудеа по погодокот на Кејн, а како изгледаше атмосферата директно од трибините погледнете во видеото што следува:

Во следното коло, Англичаните ќе имаат можност да стигнат до нова победа кога ќе ги одмерат силите со аутсајдерот во групата Панама