• Мартин Танасковски
Фудбалерите на Пари Сен Жермен остварија убедлива победа од 2-0 против Ливерпул во првиот четвртфинален натпревар од Лига на шампиони, одигран на Паркот на принцовите. Парижаните доминираа во текот на целиот натпревар и оставија впечаток на далеку поквалитетен противник, додека гостите можат да бидат задоволни што заминуваат со „само“ два гола негатива пред реваншот на Енфилд.
Домаќините го отворија резултатот во 11. минута, кога Дезире Дуe упати удар од работ на шеснаесетникот, а топката по допир од Рајан Гравенберх го измами голманот Гиорги Мамардашвили и заврши во мрежата. И покрај обидите да се консолидира, тимот на Арне Слот беше безидеен во нападот, додека ПСЖ продолжи да создава шанси. Мамардашвили со неколку одлични интервенции спречи поголема предност, особено по обидите на Хвича Кварацхелија и повторно Дуe.
- Извештај од натпреварот:
Во второто полувреме, иницијативата на домаќините не стивнуваше. Во 65. минута, по одлична акција по левата страна, Жоао Невеш испрати прецизен пас до Кварацхелија, кој сигурно реализираше за 2-0.
ПСЖ имаше можност и за поубедлив триумф. Дембеле не реализираше неколку изгледни шанси, а Ашраф Хакими беше запрен од расположениот Мамардашвили. Во еден момент беше досуден и пенал по стартот на Ибрахима Конате врз Варен Заир-Емери, но по ВАР интервенција одлуката беше поништена.
Иако не беше на своето највисоко ниво, Дембеле во финишот ја погоди и стативата, што дополнително ја потврди доминацијата на францускиот шампион кој е на прагот да ја комплетира сезоната од трагедија на Ливерпул без ниту еден трофеј.






