ВИДЕО: Тошевски се врати од повреда со атрактивен волеј-гол

Македонскиот интернационалец Давид Тошевски првпат одигра цел натпревар за Австрија Клагенфурт по повредата и се запиша во листата на стрелците.

Австрија Клагенфурт одигра дуел со Алтах во рамки на Бундеслигата кој заврши 2-2, а Тошевски погоди во 5. минута откако даде атрактивен волеј-гол.

Тошевски за голот кажа дека му е најемотивниот во кариерата, заради трагедијата која се случи во ноќен клуб во Македонија во која загинаа најмалку 59 лица.

Напаѓачот три месеци беше надвор од терените, а првпат заигра пред две недели.