ВИДЕО: Тошевски одигра паметно и го даде десеттиот гол во Бундеслигата

Давид Тошевски постигна нов гол за тимот на Австрија Клагенфурт, во дуелот во кој неговиот клуб загуби од ЛАСК во разигрувањето за опстанок и место во Конференциската лига на УЕФА во рамки на австриската Бундеслига.

Напаѓачот кој е нов репрезентативец на Македонија одигра доста паметно. Се позиционира на пеналтикот, чекаше топка и откако ја доби, ја погоди мрежата на ЛАСК. Сепак, не успеа да му помогне на тимот да го избегне поразот.

За Давид Тошевски ова беше десетти гол сезонава во австриската Бундеслига.