Тошевски не запира, повторно стрела за Австрија Клагенфурт

Македонскиот фудбалер, Давид Тошевски, продолжува со одличните игри во дресот на Австрија Клагенфурт. Напаѓачот одигра уште еден солиден натпревар и повторно се запиша во листата на стрелците во победата на неговиот тим над Леобен со конечни 3-2. 

Токму Тошевски го отвори резултатот во 41. минута и обезбеди минимална предност на паузата, а во второто полувреме беа постигнати уште четири гола, но Клагенфурт на крајот ја однесе победата. 

Нашиот фудбалер игра во маестрална форма пред почетокот на новата сезона, а неодамна постигна и два хет-трика во контролните мечеви против неколку нисколигаши.