ВИДЕО: Тошевски ја надмина повредата и стрелаше на дебито за Горник

Македонскиот интернационалец Давид Тошевски стрелаше на својот деби настап во редовите на Горник Забрзе, во триумфот на екипата во Купот на Полска против Радомјак од 2-0. 

20-годишникот кој минатото лето за еден милион евра го замени Работнички со Ростов, во Полска настапува како позајмен играч. Тој имаше тешка повреда, која ја надмина и се врати во подготвителниот период, а Ростов го позајми во редовите на Горник. 

Тошевски го искористи својот деби настап за новиот клуб, па успеа да го отвори резултатот против Радомјак откако добро ја следеше акцијата и искористи одбиена топка и голманска грешка во 39. минута. 

  • Деби-голот на Тошевски за Горник Забрзе:

Иако стрелаше, Тошевски на полувремето беше заменет со германската легенда Лукас Подолски кој го доигра натпреварот. Во вториот дел за Горник погоди и Хименез, поставувајќи ги конечните 2-0. 

Инаку, за Тошевски ова е втора позајмица од Ростов. Минатата полусезона беше во редовите на второлигашот Тамбов, но не играше поради повредата, а сега замина на „калење“ во Полска.