Тошевски и Најдовски останаа без трофеј, Егнатиa е освојувач на Купот на Албанија

Македонските интернационални Кристијан Тошевски и Филип Најдовски останаа без трофеј во Купот на Албанија. Во финалната пресметка во ова натпреварување нивната Тирана забележа минимален пораз од 1-0 од Егнатиа.

Дуелот во Елбасан беше решен во продолжениејата, откако во регуларните деведесет минути мрежите мируваа. Херој на Егнатиа беше Лаурентино, кој во 114. минута ја погоди целта и донесе голема радост за фановите на тимот. Треба да се напомене дека Тирана 85 минути играше со играч помалку, откако кон средината на првото полувреме Бериша заработи директен црвен картон.

Двајцата македонски фудбалери без стартери за Тирана, Најдовски го одигра целиот натпревар, додека Тошевски беше заменет во 112. минута.