Тошевски експлодира во Австрија, втор хет-трик за само пет дена во Клагенфурт

Давид Тошевски игра во брилијантна форма по враќањето во Австрија Клагенфурт. Македонскиот напаѓач одигра уште еден феноменален меч и го постигна вториот хет-трик во само два настапа за старо-новиот клуб. 

Клагенфурт одигра пријателски натпревар против нисколигашот Хермагор, a Тошевски постигна три гола во огромната победа со конечни 10-1. За него ова е знак дека формата е значително подобра, што секако ги радува сите во тимот. Македонецот пред неколку дена запиша хет-трик и на дуелот со Трајбах, па веројатно заслужи да добие договор и големи се шансите да остане во Австрија. 

22-годишниот офанзивец ја започна кариерата во Работнички, а потоа настапуваше за руските Ростов и Тамбов и полскиот Горник Забрзе.