Тошевски е во топ-форма: Влезе во 66. минута и даде два гола за Клагенфурт

Македонскиот интернационалец Давид Тошевски игра во одлична форма во новата сезона во која остана во Австрија Клагенфурт и докажува дека ќе биде лидер во нападот и во продолжението на натпреварувањата.

Откако во претходната рунда донесе победа над Тирол, Тошевски продолжи да дава голови и во Купот на Австрија. Австрија Клагенфурт со резултат 5-0 славеше над Сигенфорд во 1/16-финалето, а Тошевски мечот го почна на клупата.

Македонецот влезе во нападот во 66. минута, а потоа го запечати триумфот со два гола во 79. и 90. минута од мечот. За Тошевски ова беше трет погодок во Купот на Австрија, или четврти официјален.